Бектеши за ТВ24: Ако се утврди одговорност веднаш ќе и ја одземам лиценцата на туристичката агенција Орфеј

0
180
Сподели

Министерот за економија Крешник Бектеши во изјавата за ТВ 24 вели дека ако Државниот пазарен инспекторат утврди дека Туристичката Агенција Орфеј измамила 12 македонски туристи на улица во Кападокија веднаш ќе формира Комисија и ќе им ја одземе лиценцата за работа на Орфеј.

Туристичка Агенција Орфеј

Ако Државниот пазарен инспекторат утврди дека тоа навистина се случило веднаш ќе формирам Комисија и јас ќе им ја одземам лиценцата- изјави Бектеши за ТВ 24. Македонските граѓани веднаш по враќањето во земјава треба да достават претставка во пазарната инспекција. Потоа според постапката Државниот пазарен инспекторат треба да направи инспекциски надзор и да констатира дека Агенцијата не го исполнила договореното. Дури потоа Државниот пазарен инспекторат ќе го извести Министерството за економија кое ги издава и одзема лиценците на Туристичките агенции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here