Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин порача: Нема да ја сопрете несреќата на Балканот ако дозволите да се создаде голема Албанија

0
213
Сподели

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин порача за рускиот канал Русија 24 дека светот нема да ја сопре несреќата на Балканот ако притоа дозволи создавање „голема Албанија“.

„Она што ќе им биде дозволено на Албанците, мора да им биде дозволено и на Србите. Ако сакате да го решите албанското национално прашање, и Србите ќе го решат своето национално прашање. За нас друг пат нема. Затоа, кога зборувате за Косово, немојте да го издвојувате српското прашање. Ние мора да го решаваме српското прашање во целина, вклучувајќи го Косово и Метохија, но не без него. Претставниците на меѓународната заедница мора да имаат разбирање за нашите проблеми“, кажа Вулин.

Тој истакна дека и покрај тоа што во Србија нема консензусс околу прашањето на Косово, приоритет на Србија е да ги заштити Србите на Косово.

„Додека има Срби на Косово, можеме нешто да направиме. Она што за нас е многу важно, големите и моќни земји како Русија, мора да препознаат дека се создава „голема Албанија““, кажа Вулин.

Според него, сите Албанци, со исклучок на две општини кои се во Србија, се наоѓаат во единственото политичко-безбедносно опкружување на НАТО.

„Кога Македонија ќе стане членка на НАТО, а тоа се очекува уште оваа година, сите Албанци ќе живеат во единствено политичко-безбедносно опкружување. Тие бараат формализација на својот простор со граници. Сите змеји кои гледааш што се случува молчат. Црна Гора често ја напаѓа Србија, но не и „голема Албанија“, иако таа сака да земе дел од нејзината територија. И Македонија ќесто ќе ја напаѓа Србија, го призна Косово без никакви проблеми, а половина од нејзината територија е на пат кон „голема Албанија“. Сите молчат, само Србија зборува“, изјави српскиот министер за одбрана.

На прашањето дали Србија како воено неутрална земја сепак размислува за тоа да стане членка на НАТО, Вулин одговори дека „сѐ додека претседателот Александар Вучиќ е вроховен командант на српската војска и додека тој е министер за одбрана сигурно е дека Србија нема да влезе во НАТО пактот, па мака била и последната земја во Европа која не е членка на НАТО“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here