Четири екипи ќе играат во шпанскиот Суперкуп кој ќе се одржи во 2020 година

0
92
Сподели

Шпанската фудбалска федерација го одобри новиот формат за Суперкупот кој ќе се одржи во 2020 година, објави официјалниот сајт на организацијата. Турнирот ќе се одржи во зима во формат „фајнал фор“. Во него ќе го игра шампионот на Шпанија, вице-шампионот, победникот и финалистот на националниот Куп.

Во првото полуфинале ќе игра шампионот на Шпанија и финалистот на Купот, а во второто полуфинале, победникот на Купот и вице-шампионот.

Во случај на совпаѓање на еден или повеќе тимови, местото ќе биде пополнето со клубовите кои се со најдобар пласман на табелата во Премиера дивизија.

Првиот „Суперкуп“ со четири екипи ќе се одржи од 1 до 12 јануари 2020 најверојатно во Саудиска Арабија.

Листата на учесници на турнирот е : Барселона, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Валенсија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here