Синдикалниот марш утре во 11 часот ќе затвори дел од улиците во центарот на Скопје

0
408
Сподели

Утре по повод празникот на трудот 1 Мај, заради закажаниот синдикален марш во организација на ССМ, што ќе започне утре во 11 часот во Скопје, Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје воведува посебен сообраќаен режим за непречено одвивање на маршот долж најавената маршрута.

Маршот е предвиден да почне пред зградата на ССМ на ул. “Мирче Ацев“ со движење: лево по ул. “Филип 2-ри Македонски“, десно по ул. “11-ти Октомври“, право по ул. “Димитрие Чуповски“, десно по ул. “Васил Главинов“, право по бул. “ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до Влада на Република Северна Македонија.

Сообраќајната полиција ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците во централното градско подрачје. МВР апелира и до граѓаните да се почитуваат наредбите издадени од полициските службеници во време на маршот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here