Град Скопје со апел до излетниците за 1 мај да го чуваат зеленилото и урбаната опрема во спротивно казни од 50 до 200 евра

0
135
Сподели

Градот Скопје апелира до граѓаните на 1 мај при посетата на излетничките места, како и на градските паркови, да се придржуваат на комуналниот ред и воспоставените забрани за палење оган и приготвување скара на отворени површини, да не фрлаат отпад и да не ја оштетуваат поставената урбана опрема.

Ова особено важи на местата: Парк–шумата Водно, градски парк, СРЦ Сарај, кањонот Матка и други излетнички места.

Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here