Секретарот за одбрана на Велика Британија, Гевин Вилијамсон, отпуштен поради истекување на доверливи информации

0
171
Гевин Вилијамсон
Сподели

Британската премиерка Тереза Меј го отпушти нејзиниот секретар за одбрана, Гавин Вилијамсон, поради протекување на информации од затворениот состанок за кинеската телекомуникациска компанија Huawei.

За нов министер за одбрана е поставена Пени Мордаунт.

Одлуката на премиерката да го отпушти Вилијамсон е донесена врз основа на информациите за неговото однесување до кои дошла истрагата за околностите за неовластено протекување на информации од состанокот на Советот за национална безбедност, се наведува во соопштението.

Истрагата е покрената минатата недела, откако медиумите објавија дека Советот, кој заседава зад затворени врати, одлучил да и дозволи на компанијата Huawei да учествува во некои аспекти на новата британска 5Г комуникациска мрежа.

Британската Влада тврди дека таква одлука не е донесена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here