Фејсбук ја менува својата платформа и ќе нуди нови апликации.

0
786
Сподели

Со следната голема итерација на Фејсбук, FB5. Дизајнот ќе биде многу полесен, ќе го изгуби поголемиот дел од сината тема на двете мобилни и десктоп верзии. Исто така ќе биде полесен за навигација и ќе има редизајниран горен бар.

FB5, исто така, ќе дојде со ажурирано лого на Фејсбук. Новото лого ќе биде кружно и ќе биде динамично во зависност од контекстот.

Новиот изглед на бев страната www.facebook.com

Фејсбук, исто така, покажа дека платформата на веб-страната ќе добие црн мод во краткото видео споделено на Твитер.

Темниот мод на веб страната www.facebook.com

Фејсбук добива и нова десктоп апликација за Messenger која е достапна за Windows и MacOS.

Цукерберг изјави:
,,Ние исто така пуштаме десктоп апликација за Messenger која е достапна за Windows и MacOS. Луѓето сакаат беспрекорно да испраќаат пораки од било кој уред, а понекогаш и сакаат само малку повеќе простор за споделување и поврзување со луѓето за кои најмногу се грижат. Можете да ја преземете Messenger Desktop – и да уживате во истите функции како апликацијата на вашиот телефон – како видео повици од група, да соработувате на проекти или мулти-задачи додека разговарате во Messenger. Сега го тестираме ова и ќе го објавиме глобално подоцна оваа година.”

Facebook апликација за Windows 10 и MacOS.

Апликацијата изгледа многу слично на Skype или iMessage, но треба да даде многу подобро искуство за разговор од она што е достапно на пазарот во моментот.

Фејсбук апликациите за Android и iOS исто така ќе добијат нов изглед.

Новиот изглед на апликацијата за Android и iOS

Фејсбук пишува нов курс за сигурност, приватност и да стане се попозитивна платформа во целост, поголем фокус ќе биде ставен на групите со објаснет таб.

Фејсбук групи.

Фејсбук ќе има и поголеми промени кои ќе бидат вклучени, тоа се пораките испратени преку месинџер кои ќе бидат енкриптирани, што значи дека Фејсбук нема да има пристап до содржината споделена помеѓу корисниците. Ќе има опција и за временско споделување на содржини во приватните пораки, кои ќе се исчезнуваат и нема да оставаат трага после одредено сетирано време.

Цукерберг изјави дека новиот FB5 ќе се појави од денес на мобилните уред и ќе биде достапен на десктоп-страницата “во следните неколку месеци”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here