Во Флорида, професорите имаат дозвола да бидат вооружени во училниците

0
80
Сподели

Законодавната власт на Флорида во средата донесе закон со кој им се дозволува на наставниците да носат оружје во училниците. по смртоносната престрелка во средното училиште во Паркленд, со цел да се спречи друг таков масакр.

Претставничкиот дом на Флорида гласаше со 65 гласови за наспроти 47 против за да го усвои законот по расправата која траеше два дена во која републиканското мнозинство ги попречуваше напорите на Демократската партија да ја измени, да ја одложи или да ја укине мерката. Прошлата недела Сенатот на Флорида го одобри со 22 гласа за и 17 гласа против.

На 14 февруари 2018 година, поранешен студент вооружен со полуавтоматска пушка отвори оган во средното училиште “Маџори Стојман” Даглас во Парклен, Флорида, при што загинаа 17 лица, а беа повредени 17 други лица.

Претседателот Доналд Трамп и Националната асоцијација за стрелаштво тврдат дека вооружениот учител би можел да ја обезбеди најдобрата одбрана против стрелецот наменет за масовни убиства.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here