Инцидент во Стар Дојран – две лица повредени, а две уапсени

0
56
Сподели

На 1 мај 2019 година е пријавено дека во периодот од 02 до 03 часот по полноќ, пред хотел во Стар Дојран, дошло до тепачка во која учествувале повеќе лица, во која било употребено и оружје.

З.М.(45) од Скопје се здобил со убодни рани во телото, а И.С.(33) од Гевгелија сe здобил со повреди. На двете лица им била укажана помош во Медицинскиот центар Гевгелија.

Во врска со овој случај, приведени се К.Р.(24) и Р.С.(21) двајцата од Струмица.

Известен е јавен обвинител и по насоки на обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање на другите учесници и расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here