Во Каракас судири меѓу полицијата и демонстрантите

0
71
Сподели

Судири меѓу припадници на безбедносните сили и приврзаници на лидерот на опозицијата на Венецуела Хуан Гваидо избувнале во Каракас, јавуваат новинските агенции, наведувајќи дека немири имало во повеќе делови на главниот град на оваа јужноамериканска земја. Неколку илјади граѓани се собрале на протестот против оспорениот претседател Николас Мадуро на повик од Гваидо кој во јануари годинава се прогласи за привремен претседател на Венецуела. Мадуро вчера оцени дека Гваидо се обидел да изврши државен удар, но оти не успеал во тоа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here