Дали некогаш сте се запрашале, Што е тоа мисла? Или, како мислите влијаат на нашите животи?

Скоро сите здрави водачи ќе ви кажат дека мислите се исклучително важни. Мислите стануваат зборови. Зборовите стануваат дела. Делата стануваат навики, а навиките стануваат карактер. Затоа е толку важно да внимаваме како размислуваме, затоа што размислувањето неизбежно ни го дефинира животот.

Поради ова целата човечка цивилизација се фокусирала на поучување, затоа што преку всадување на здрави мисли дирекно се влијае на смерот на целата наша цивилизација. Сетете се само на тоа дека падот во грев почна со мисла “А што ако Господ и навистина крие нешто од нас?“. Мислата стана дело, а делото… стана навика, па денес гревот е составен дел од сечиј живот.

Целата човечка историја и иднина би била иста ако ние луѓето си останевме само со навиката за погрешно размислување. Но Господ ја знае ситуацијата на човештвото и затоа Тој дирекно интервенирал во минатото за да ни ја промени иднината. Делува и денес, овде, во нашите животи. Не преку некакви спектакуларни чуда, туку преку мислите. Овие мисли кои во Евреите ги читаме и толкуваме, неминовно во нас ќе предизвикаат промени.

Се обидовме, последниве неколку генерации, да се живееме бунтовен живот. Ги пресековме нашите врски со историја и се обидовме да измислиме сопствени правила, како да сме првата генерација што некогаш живеела на Земјата. Тоа не доведе до ситуација каде што индивидуалноста е најважна, не постојат апсолутни вистини, а правилата си ги измислуваме како што ќе ни падне на памет.

Добро е што одвеме навреме некому ќе му падне на памет да направи нешто сосема спротивно, да земе и од историјата да се поучи од искуствата на постарите.

Тоа е она што ние го направивме овде, разгледувајќи го Посланието до Евреите. Овде ја тестираме таа луда идеа да ја земеме Библијата и да видиме дали и денес на тие страници се наоѓаат релевантни идеи за денешницава. Од досегашното искуство, се чини дека ова вакво враќање кон корените, враќање кон основите, е исклучително освежителна активност затоа што ни помага да отфрлиме сите други луди идеи кои ни ги наметнуваат самопрогласените гуруа и учители. Оваа интелектуална чистка ни помага подобро да разбереме кој е Бог и каков треба да биде нашиот однос кон Него.

Во текот на првите 5 поглавја видовме дека основата на нашиот христијански живот не е тоа колку сме ние религиозни туку самиот Христос, и колку ние сме спреми да го живееме овој живот со Него.

Глава 6 не раздрма да се вратиме во реалност: Живеењето христијански живот значи надминување на основните прашања на верата како спасение и крштевањето, и стремеж кон подлабоки вистини.

Во Главите 7-9, конечно ги заминавме едноставните идеи и од мелко одиме кон месо, вистинска духовна храна за возрасни верници. Овде видовме дека Бог отсекогаш планирал да ни обезбеди начин на спасение, кое се потпира на вечната Божја добрина, а не на нашата временска морална и религиска успешност. Ваквото спасение беше постигнато на небесниот жртвеник, така што Христовиот крст е поставен како мост меѓу Земјата и Небесата. Така, нашата побожност зависи многу повеќе од свесноста за Божјата улога во нашите животи отколку од тоа колку сме религиозни и морално чисти.

Во Поглавје 10 ќе видиме збир на овие идеи, еден вид на сумаризација со многу моќна порака на крајот од ова поглавје.

  • За срамот од гревовите и промената која Христос ја носи (сс 1-18): Законот донесе срам но жртвата на Христос донесе ослободување од вината за гревот. Ритуалните жртви од Стариот Завет никогаш не беа доволни но Христовата жртва го исполни она што другите не можеа, а тоа одсекогаш и бил Божјиот план за спасение. Благодарение на Христос, не треба да постои срам и вина од гревот.
  • За ослободувањето (сс 19-25): Завеса во храмот (која го симболизира Христовото тело) е расцепена и Христос ни овозможи религиозен живот во правата смисла на зборот.
  • Предупредување (сс 26-35): Вие кои се оддалечивте од Бога поради отсуствата од собирите го игнорирате повикот да се поттикнувате едни со други кон добри дела, па според тоа сте бескорисни. Отрезнете се! Но имајте го на ум 6:9. Не станува овде збор за губење на спасение туку за поттик за луѓето да се вратат на црковните собири.
  • Уверување (сс 36-39): Не заборавајте дека имате жива, силна, непоколеблива вера. Вратете се на таквиот начин на живот знаејќи дека имате сигурност во спасението кое Христос ви го обезбеди.

Во минатите поглавја се сретнавме со неколку слични идеи кои вреди да ги применуваме во секојдневието. Во ова поглавје пак ќе ги видиме тие идеи, но во збиен тип, спакувани на едно место, слично како букет со цвеќа. Во минатите глави овие идеи (цвеќа) ги разгледавме подетално и ги обработивме подлабоко. Сега, така обработените цвеќа ги собираме на куп и правиме букет каде убавината на секое поединечно цвеќе ја потенцира убавината на другите.

Во 10та глава присуствуваме на тоа собирање на букетот во една интересна и охрабрувачка порака.

Ајде да видиме како изгледа овој наш букет.

Сс. 1-18: Срамот од гревот и ослободувањето во Христос

Сите наши напори не се доволни за да му угодиме на Бога. Но целата поента на таа невозможност е со цел да не потсети на потребата за Спасител. Целиот религиозен систем кој што го имале Евреите, а и сите религиозни преданија што и ние како народ си ги имаме, само служат за потсетник дека нешто не чини, и дека ни е потребна помош, дека ни е потребен Спасител.

Би рекле дека, всушност, Бог никогаш не очекувал од нас да си го заработиме спасението со својата совршеност. Бидејќи ние сами по себе не можеме да достигнеме таква совршеност, налудничаво е да мислиме дека Бог тоа би го очекувал од нас. Тоа е исто толку нелогично како полицаец од нас да бара да се вратиме во времето и да не прекорачиме ограничување на брзина во тој момент кога тој не запрел.

Никогаш не може да го вратиме она што сме го направиле. Тоа е невозможно. Секоја власт која бара од нас да го сториме невозможното, само бара причина да не посрамоти, да не обвини, да не стави во безизлезна ситуација за да се чувствуваме бескрајно очајно. Но Бог не е таков тиранин. Тој не очекува од нас совршенство зошто знае дека за нас, тоа е невозмошно.

Идеата дека Бог бара совршенство од нас е човечка творевина која не води во ќор-сокак. Религиозните фанатици и неуките се оние кои не тиранизираат со нивните погрешни учења за гревот. За жал има многу вакви филозофии кои туркаат идеи дека човекот е одвратно, валкано битие кое треба да се срами од сопствената валканост и да нема никаква самодоверба. Ние, така валканите луѓе, сме како црви кои се валкаат во сопствениот грев. Ова е старата, нео-платонска идеа дека телото е гнасен и грешен затвор за душата, која кутрата таква, мора да издржи до смртта на телото за конечно да се ослободи и да замине во рајот.

Ова не е христијанство. Христос не дојде на овој свет како жртва, за ние денес повторно да кукаме околу гревот. Кога се гледаме себеси како некои валкани мизерни човечиња го негираме фактот дека Исус веќе не ослободил од гревот. Ако вака размислуваме ние всушност кажуваме дека и не сме убедени дека Христовото дело на крстот не очистува од гревовите.

Меѓутоа, повикани сме да веруваме баш во тоа, дека Христос го решил проблемот со гревот еднаш и засекогаш, во 18ти стих: “Нема да се присеќавам на нивните гревови и нивните беззаконија“

Суштината на добрата вест е дека ние не треба да ја носиме таа тежина на свој грб. Проблемот со гревот е решен, нема што ние да се грижиме. Затоа сега со доверба може да застаниме пред Бога како наш татко, а не како нервозен полицаец кој едвај чека прилика да не казни.

Ова е првиот цвет во нашиот букет: Ослободени сме во Христа. Стани, и без страв пристапи кон Бога, нема да те сотре.

Сс. 19-25 Ослободување: Благодарение на Христа, можеме да растеме во единство со Бога

Сега го разгледуваме вториот цвет од букетот. После три поглавја со длабоки и тешки идеи, конечно доаѓаме до ситуација ра прашаме: А што сето ова треба да значи? Ако нема потреба да заработуваме прифаќање од Бога преку жртви и дарови, како треба да изгледа нашиот живот како Божји чеда?

Ова е прекрасно прашање, а одговорот е многу ослободителен: Сега кога имаме непречен присап до Бога… време е да му се приближиме, и конечно да влеземе во тоа единство со Бога по кое цело човештво копнее преку служба во секојдневниот живот: поттикнување на ближните за љубов и добри дела. Гледаме овде не се ставаат некакви дополнителни побарувања. Не се очекува од нас да сме совршени, да чекаме чудесни знаци итн. Од нас се бара само да сме охрабрување едни за други во растењето во љубовта едни кон други, и за добри дела.

Ова е причината зошто ние велиме имаме добра вест за спасението. Бидејќи штом слушниме што е она што Христос го постигнал за нас на крстот, не можеме а да не реагираме на таквата вест со големо олеснување и радост.

Веќе не сме малтретирани од нервозен полицаец. Некој доаѓа и ја плаќа нашата казна за врзо возење. Веќе нема причина за страв од казна или присила да сториме нешто што е невозможно. Преку Христос ослободени сме од сите обвиненија за да можеме конечно да бидиме блиски со Бога.

Ова е добрата вест! Ова е исправното гледање на спасението. Ова е исправната теологија на христијанската вера. Гледаме дека со исправно учење, со исправна теологија, биваме пропремени за испранво славење на Бога: со целото срце, ум и душа. Сега нема место за грижа на совест или осуди или страв. Останува само желбата да се приближиме до Бога и да живееме живот исполнет со мирот кој Бог го дава.

Како тогаш би изгледал ваквиот живот на слободно славење на Бога? Во овие стихови имаме јасен опис:

  • Ајде сите да пристапиме до Бога, бидејќи благодарение на Христос сега конечно имаме чиста сметка со Господ
  • Да се поттикнуваме едни содруги кон љубов и добри дела.
  • Да не се откажуваме од заедничките собирања

Од овие стихови влечиме неколку важни заклучоци за тоа како треба да изгледа христијанската верска пракса:

  • Христијанското славење е славење во заедница. Западниот свет е оптоварен со идејата на Августин дека христијанството е лична работа и поединецот може духовно да опстојува во изолираност. Но, Христос не умре за да откупи група на поединци. Тој умре за да ја спаси Неговата Црква, која е духовно семејство. Источното христијанство ова го има сфатено многу подобро. Заедничките славења се семеен чин. Ние не сме во група на поединци кои треба учтиво да ги истрпиме на неделните служби.
  • Христијанкското славење го вршат луѓе кои не ги гризе совест ради гревот: Кога славиме заедно, не треба да се поколебаме и повлечиме мислејќи “Згрешив, не сум достоен да застанам пред Бога, нема да ме прифати вака извалкан“. Ова се сатански лаги. Нели пристапуваме кон Бога на основ на Христовата совршеност, а не со свои сили?
  • Христијанското славење/духовност/религиозност е практична работа: Повикот за”поттикнување” повеќе личи натуркање/подбуцнување кон љубов идобри дела. Поентата е декаво текот на ова наше заедничко славење кон кое пристапуваме со чиста совест, не сме оставени да бидиме пасивни во животот. Всушност, ние сме повикани да им помогнаме на другите кон љубов и добри дела. Ова може да значи туркање другите да завршат училиште, или да добијат работа, или оставаат лоша навика, или да се помират со некого итн. Откупувањето не е дозвола за мрзеливост и незаинтересираност за потребите на другите околу нас. Напротив.

Овој втор цвет во нашиот букет вели: Благодарение на Христа ние конечно може да се фокусираме на обожавањето на Бога на заедничките собири, на поттикнување на другите да растат во сите области на животот, но и да не заборавиме дека без оглед на тоа колку лошо работите стојат, ние не сме изолирана група заглавена некаде. Ние сме дел од семејството на верници што се протега од тука во вечноста.

Сс 26-39 Предупредување: Држете се заедно, не заборавајте дека сме семејство

Во последниот цвет од букетот гледаме две испреплетени идеи: предупредување и уверување. Клучот овде е дека и предупредувањето и уверувањето се вртат околу претходниве две точки што ги обработивме, дека пред Бога сме добредојдени благодарение на Христовата жртва а не поради нашите постигнувања, и дека целта на ова спасение е нова, практична духовност кон која треба да ги поттикнуваме ближните.

  • Предупредување: Откупени сме, и од Христа повикани да сме духовно семејство. Значи треба да се држиме заедно. Напуштање на заедничките собири и пасивноста се навреда за Христос. Ваквото намерно вртење грб на Христос е единствениот грев што има вечна последица. Но ова не е да ве обесхрабри, дека ако сте престанале да бидете дел од вашата заедница веќе немате начин за враќање, како да сте го “изгубиле спасението”. Целта е охрабрување дека тие кои не се дел од заедница, треба да се вратат, бидејќи како поединец навистина не може да се живее духовно богат живот.
  • Уверување: Не заборавајте дека имате жива, силна, непоколеблива вера. Вратете се на таквиот начин на размислување, затоа што благодарение на верата во Христос имате сигурност во спасението. Колку и да се тешки работите, не паѓајте во очај. Животот си е живот, со проблеми и сопки, но не губете го од фокус Христос.

Ова е третиот и последен цвет во букет: Без разлика на околностите, без оглед на страдањата, нема причина да се откажеш од верата. Издржи. Не ти е прв пат да се судриш и пребродиш криза.

Сумаризација

10та глава е сумаризација на последните неколку глави, и овде ги разгледавме клучните идеи дека спасението кое го добивме преку Христовата послушност (а не нашата) е со цел да не воведе во вистинска религиозност, која се сведува на една едонставна идеа: поттикнувајте се едни со други кон љубов и добри дела. Благодарение на Христос, нема потреба од страв и осуди. Бог не не суди. Нашата религиозност сега треба да ја искажуваме на многу практичен и разумен начин, иако рефлексната навика ни е дека религиозноста треба да е накаква чудна, мистична итн. Тоа се мислите на светот, на оние кои не го запознале Бога. Ние кои го познаваме, знаеме дека сме духовно семејство кое треба да расте во практична љубов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*
Website